
meta-mk18h ago
По наредба на обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена
По наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена, а во меѓувреме се чекаат анализите на водата од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информираат денеска од Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со ИЈЗ, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на […]
meta-mk1d ago
Филмски фестивал „Преку езерото“: Жанрот е мајката на филмот
Филмот „Кармадона“ на српскиот режисер Александар Радивоевиќ беше возбудлив завршеток на петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филкм „Преку езерото“
meta-mk1d ago
Mицкоски: Судиите и обвинителите нема да добијат повеќе пари
Судиите и обвинителите нема да добијат повеќе пари, иако се бара и во Законот за јавното обвинителство да се стави сума од 0,5 од буџетот. Нема да добијат зашто не ги заслужиле“, кажа Мицкоски
meta-mk1d ago
И во Брисел го видоа притисокот врз судството од Владата
ЕК посочува дека избрани функционери и владини претставници ги засилиле личните критики кон судии и обвинители, обвинувајќи ги за корупција. Од највисоките нивоа на Владата, потсетува извештајот, беа давани и изјави за „чистење“ на судството и обвинителството
meta-mk2d ago
Ристоска контра Савески: Лично го известив дека ако ги повлече овластувањата ќе дадам оставка
Ристоска потенцира дека е неспорно е дека оставката била нејзина одлука, но и дека таа, меѓу другото, била последица на одземањето на основот да ги работи предметите, за што лично го известила Савески
meta-mk2d ago
Владата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
Од Владата велат дека целта на оваа одлука е да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството
meta-mk2d ago
„Спејс Екс“ го одложи лансирањето на „Старшип“ за една недела заради дефект на моторите
Откажувањето на лансирањето се случи помалку од една секунда пред планираното полетување на „Старшип“ од „Старбејс“
meta-mk3d ago
Фекалии и отпадни води го загадуваат Охридското Езеро, но е безбедно за капење
За заштита на езерото изграден е колекторски систем кој ги собира отпадните води од градовите Охрид и Струга, кои потоа се пречистуваат во пречистителната станица во с. Враништа, но, согласно постојните информации од извршените теренски санитарно-хигиенски увиди од страна на ЦЈЗ Охрид, се уште перзистираат објектите од последните години кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи
meta-mk3d ago
Евтаназирани над 1.400 овци и кози поради сипаници, според АХВ нема опасност за луѓето
Сировото млеко и производите од него од заштитните зони може да се стават во промет само по пропишан термички третман однодсно пастеризација на 72°C во времетрање од 15 минути на одгледувалиштето или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло, наведуваат од АХВ
meta-mk3d ago
Новинарите во Србија се соочуваат со рекордни напади, закани и притисоци врз слободата на медиумите
Во 2025 година, во Србија се регистрирани 209 прекршувања на слободата на медиумите, двојно повеќе од 84 документирани во 2024 година - што влијаеше на 359 медиумски работници и субјекти
meta-mk3d ago
Спречено е ширењето на пожарот во близина на охридската населба Бараки
На терен интервенирале четири противпожарни возила и 17 пожарникари. „Гореше деградирана шума и сува треба“, велат од ТППЕ Охрид
meta-mk3d ago
Полицијата одзема шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров, кој побегна од полициска станица во Кочани
Привремено се одземени "џип", "порше", "фолксваген", "ауди", "бмв" и "пасат", како и недвижен имот-стан додека се утврди законитоста на стекнатиот имот
meta-mk4d ago
Уапсени две Кумановки поради измама на 19 лица со брзи кредити, незаконски присвоиле над 10,8 милиони денари
Без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани
meta-mk4d ago
Oбвинителството бара конфискување на имот поврзан со Александар Лазаров од Кочани
Постои сомнение дека еден стан и вкупно шест автомобили, од кои дел биле запишани на други лица, фактички се наоѓаат во владение и на располагање на осомничениот
meta-mk4d ago
Командата на Бригадата на Југоисточна Европа ја заврши мисијата во Македонија
На свеченоста на која присуствуваа началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници на земјите членки на Процесот за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM), воено-дипломатскиот кор, претставници од Армијата и МО и други високи гости
meta-mk4d ago
Млади од Западен Балкан ќе учат како преку раскажување да го зачуваат културното наследство при проектот „Shared Horizons“
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со различни техники на сторителинг и нивната улога во зачувувањето на културното наследство, а ќе работат и на практични вештини од областа на фотографијата, визуелното раскажување, интервјуирањето, усната историја и мултимедијалната продукција
meta-mk4d ago
Од СДСМ обвинуваат дека Македонија повторно заостанува на европскиот пат поради политиките на Владата
Според партијата, членството во Европската Унија не претставува само политичка цел, туку значи пристап до европски фондови, нови инвестиции, подобар животен стандард и повеќе можности за граѓаните
meta-mk4d ago
Европската централна банка избра 36 банки и компании кои ќе го тестираат дигиталното евро
Пилот-проектот ќе трае една година
meta-mk5d ago
Филмски фестивал „Преку езерото“ во Дојран: Драмскиот интензитет како услов без кој е невозможен добар филм
Во првиот дел од годинешното фестивалско издание видовме филмови реализирани со различни мотиви, различни естетски и жанровски стилови, ситуирани во различни пејзажи и културолошки средини... Но, сепак може да се каже дека нив ги обединува сличен, висок интензитет на драмските ситуации низ кои се препознава она што го нарекуваме медитерански темперамент
meta-mk5d ago
Рокас денес очекува договор за Изборниот законик за да не пропаднат 4,2 милиони евра од ЕУ
Говорејќи по промоцијата на возила за Државниот транспортен инспекторат, набавени со донација од Европската Унија, Рокас нагласи дека усвојувањето на измените е важно бидејќи од нив зависи исплатата на 4,2 милиони евра европски средства
meta-mk19h ago
ИЈЗ: Водата од чешма во Гостивар не смее да се пие, ниту да се користи за миење овошје и подготовка на храна
Во ресторнаните не смее да се користи вода од водоводот за подготовка на пијалаци, миење овошје и зеленчук, ниту за производство на мраз, а храната треба да ја подготвуваат исклучиво со безбедна вода
meta-mk1d ago
Контролори на УЈП нападнати додека биле на должност во Куклица
Осомничениот 41-годишен британски државјанин фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, поради што тие го напуштиле локалитетот и биле спречени да го извршат службеното дејствие
meta-mk1d ago
Не јадете храна со променет мирис и вкус, летните горештини носат поголем ризик од инфекции
Во услови на високи температури, се препорачува да се избегнува купување храна од нерегистрирани продавачи, а при патување храната да се транспортира во ладилници или термо-кутии, велат во ИЈЗ
meta-mk2d ago
Фестивалот „Анибар“ во Пеќ повторно ги обедини младите креативци од регионот
Европската Унија ја поддржува оваа визија преку проектот „Поттикнување одржливи партнерства и дијалог: Соработка во областа на уметноста и културата меѓу Косово и Србија“, насочен кон создавање нови можности за младите, промовирање на меѓукултурниот дијалог и зајакнување на регионалната соработка преку културата и креативните индустрии
meta-mk2d ago
Гостиварчани пиеле вода од Вардар
АХВ издеде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар бидејќи откриле пумпа која директно бризгува вода од реката Вардар во системот. Пред околу три недели, надлежните од општина Гостивар на нивната Фејсбук страна известиле дека водата не е безбедна за пиење бидејќи преземале активности за подобрување на притисокот во водоводната мрежа
meta-mk2d ago
Косовец со дрога бегал преку граница на Блаце, со автомобилот го влечел и цариникот
Осомничениот во автомобилот криумчарел килограм марихуана
meta-mk2d ago
Иран ги нападна базите на САД во Јордан, Бахреин и Кувајт, како одговор на шестдневното бомбардирање
Иранските медиуми објавија дека пет мостови биле погодени во последната рунда американски напади, како и железничката станица во крајбрежниот Бандар Хамир и аеродромот Ираншахр во југоисточен Иран
meta-mk3d ago
Шест лица добија обвиненија за подигнување на брзи кредити на туѓо име
Тие лажирале податоци од Агенцијата за вработување, а вработен во Фондот за здравствено осигурување им обезбедувал единствени здравствени броеви на осигуреници
meta-mk3d ago
Проекција на документарец во Кинотека, по повод Светскиот ден на змиите
Камерите ја следат змијата-рибарка на островот Голем Град, а филмската екипа беше придружувана и од Драган Арсовски, херпетолог во Македонското еколошко друштво
meta-mk3d ago
ДЗР: „Паркинзи на Општина Центар“ има побарувања од над 300.000 евра кои дозволиле да застарат
Ревизорите утврдиле дека јавното претпријатие должи 1.404.276 евра за комунална такса, кои не се уплатени во Буџетот на Општина Центар
meta-mk3d ago
Нов руски ракетен напад на Киев, загинаа две лица, шест се повредени
Ова беше шести ваков напад врз украинскиот главен град само во јули, додека Русија ги ескалира своите воздушни напади врз Украина
meta-mk3d ago
Иран ги нападна базите во Кувајт и Јордан по новиот бран американски напади
Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, им изјави на државните медиуми дека Техеран нема причина да се придржува до договорот со САД ако не има корист од него
meta-mk4d ago
Јакимовски замина на одлежување затворска казна од шест и пол месеци
Во изречената казна ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година
meta-mk4d ago
УНЕСКО предлага Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност
УНЕСКО и забележа на земјава дека препораките од мисиите за 2020 и 2024 година и Стратешкиот план за закрепнување недоволно се имплементирани
meta-mk4d ago
Апелација ги потврди доживотните казни за обвинетите за убиствата на Вања и Панче, повторно судење за таткото на Вања
Апелациониот суд ја потврдил пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во осудителниот дел, со која четворицата обвинети се прогласени за виновни за две кривични дела „Убиство“ и едно кривично дело „Грабнување“, извршени во соизвршителство, за што им е изречена казна доживотен затвор
meta-mk4d ago
Обвинителство: Екс-директорот на СОЗР го оштетил буџетот за над 2,5 милиони денари
За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи
meta-mk4d ago
Беким Сали пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко
Mинистерот Сали ќе учествува на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што ќе ја реафирмира подготвеноста на Северна Македонија да продолжи со поддршката за Украина
meta-mk4d ago
Јуни беше најсмртоносниот месец за Украина, во руски напади убиени над 290 цивили, соопшти ОН
Бројот на цивилни жртви за годината досега достигна речиси 1.400, што е за 37 отсто повеќе од истиот период минатата година
meta-mk5d ago
Директорот на „Градски паркинг“ во Тетово обвинениет за злоупотреба, користел службено возило во Гостивар, побарано е негово разрешување
Директорот се оправда дека има право да го користи автомобилот 24 часа, а беше побарано негово разрешување, кое не беше прифатено
meta-mk5d ago
Ќе се менуваат пет закони за да може да се воведат паметни транспортни системи на патиштата
Едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи. Во моментов веќе работиме на измена на пет закони кои ќе овозможат нивна примена, кажа Николоски.
meta-mk21h ago
Пановски: Во Гостивар треба да се прогласи епидемија
Ако прашаат студент на испит „Дали е епидемија, ако во еден град за 5 дена заболеле 30 отсто од населението со исти симптоми?" Ако одговорот е „Не", студентот ќе падне на испит, напиша Пановски
meta-mk1d ago
Само во последното деноноќие во гостиварската болница биле примени 260 лица
Сите пациенти имаат стомачни проблеми (дијареја, повраќање), некои со треска (температура) и дехидратација. Се третираат со инфузии и симптоматски, а најголемиот дел се упатуваат на домашно лекување
meta-mk1d ago
Израелските министри најавија планови за нови нелегални населби во Газа и на Западниот Брег
Министерот за одбрана, Израел Кац, изјави дека има намера да воспостави три „нахал“ пунктови во северниот дел на Газа – вид воени заедници кои со децении служеле како претходница за создавање израелски цивилни населби
meta-mk2d ago
Експанзијата „Hidden Mountain“ за играта „Where Winds Meet“ пристигнува на 23 јули
Најдолго очекуваниот новитет е Користењето на „Fist Weapons“ односно оружја за тупаници со кои изведувате секакви техники со удари со раце и нозе, а движењата и потезите се анимирани според популарни боречки вештини
meta-mk2d ago
Над 35.000 граѓани не ја завршиле постапката за регистрација во е-Даночни услуги, УЈП ги повикува да ја комплетираат постапката
Од УЈП информираат дека станува збор за граѓани кои поднеле барање за отворање кориснички профил како даночни обврзници – физички лица, но регистрацијата не била целосно завршена
meta-mk2d ago
Си ја гледа Кина како лидер на новиот глобален поредок со вештачка интелигенција
Кина ќе обезбеди обука за вештачка интелигенција и ќе развие центри за соработка со вештачката интелигенција со земјите од БРИКС, АСЕАН, Латинска Америка и Африканската унија
meta-mk2d ago
Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во 2020 година, спротивно од извештаите на ЦИА
Пред говорот на Трамп, некои претставници на Белата куќа изразија загриженост дека откривањето на информациите за Кина може да биде погрешно
meta-mk3d ago
Јапонската архитектура и нејзината борба со природата претставени на изложбата „Алтернативен водич низ Јапонија“
Јапонскиот архипелаг се протега од снежниот север до суптропскиот југ и се соочува со чести земјотреси, вулкани, цунами и сезонски бури. Токму овие услови создале култура на отпорност и адаптација, што се отсликува во архитектурата и начинот на кој се обликува просторот за живеење
meta-mk3d ago
За 48 часа решени три високопрофилни слуаи: Супервештачење за крај на „Тотал“ против Латас
Според Кривичниот суд, обвинителката Марија Џабирова Велков целосно се откажала од обвинението за даночно затајување против Латас, додека според Обвинителството новото супервештачење довело до апсолутна застареност на делото. Соопштението од Кривичен доаѓа два дена по ослободувањето на бегалецот од правдата, Никола Груевски во „Талир 2“ со што Белата палата се спаси од конфискација и условната осуда за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
meta-mk3d ago
Владата да се откаже од концесиите за геолошки истражувања, бараат граѓанските организации
Тие предупредуваат дека значителни делови од просторите опфатени со Одлуките на Владата за доделување на нови концесии се преклопуваат со претходно истражени простори со што се повредува Законот за минерални суровини
meta-mk3d ago
Катастрофални пожари во Канада, чадот го задуши Торонто и им се заканува на американските градови
Одделот за животна средина на Канада објави индекс на здравје за квалитет на воздух од 10+, класифициран како многу висок ризик за Торонто
meta-mk4d ago
Ристоска: „Талир 2“ ми беше одземен за да се избегне конфискацијата на Белата палата
Поранешната обвинителка која го започна и седум и пол години го водеше предметот против беалецот од правдата Никола Груевски, посочува дека врз исти докази најпрво била донесена осудителна, а сега ослободителна пресуда. Таа смета дека временскиот распоред на постапката ја отежнува жалбата и понатамошната конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека клучно прашање е дали обвинителството ќе поднесе жалба
meta-mk4d ago
Прилепчанка измамена за 700.000 денари, мислела дека донира за болно дете
Во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена
meta-mk4d ago
Македонија ќе продолжи со поддршката за Украина, најави од Киев првиот вицепремиер Беким Сали
Во своето обраќање Сали се осврна и на процесот на европска интеграција на Украина, посочувајќи дека Македонија е подготвена да ги сподели своите искуства, експертиза и институционални капацитети како земја која долго време е дел од пристапниот процес кон Европската Унија
meta-mk4d ago
Сопружници осомничени за убиството на д-р Ацо Трповски во Автокоманда
Осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починал. Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале
meta-mk4d ago
Мицкоски за случајот „Талир“: За ВМРО-ДПМНЕ правдата е задоволена, за Груевски криви се СДСМ и ДУИ
Тврдењето на Мицкоски дека бегалецот од правдата, Никола Груевски, кој ужива азил во Унгарија, бил ослободен поради измените на Кривичниот законик, е на иста линија со тврдењето на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот Кривичен суд Скопје која донесе ослободителна пресуда
meta-mk4d ago
Уапсен Александар Лазаров, кој избега низ прозорец на полициската станица во Кочани
Лазаров е спроведен во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка
meta-mk4d ago
Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран доколку не се вратат на преговори
Трамп претходно ја поништи заканата за такса од 20% за сите товарни бродови низ Ормускиот теснец, но продолжи со блокадата на иранските пристаништа
meta-mk5d ago
САД враќаат 81 милијарда долари од царините на Трамп откако Врховниот суд ги прогласи за нелегални
Трамп ги претстави царините како сеопфатно решение за економијата, враќање на фабриките во САД, добивање подобри трговски договори и затворање на дефицитот во федералниот буџет.
meta-mk5d ago
Груевски доби ослободителна пресуда, Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се спаси од конфискација
Со одлуката, судијката Даниела Алексовска-Стојановска, покрај тоа што го ослободува Груевски, го одбива и предлогот на обвинителството за конфискација на зградата на партијата. Пресудата е неправосилна и странките имаат право на жалба пред повисоките судови